Early Bird понуда · есен 2026

Премини од извршна во менаџерска улога. Стани Product & Project Manager

Со Agile & Scrum + работа на реални проекти

Ако сакаш да организираш работа, да водиш тимови и да испорачуваш резултати, ова е моментот да направиш конкретен чекор пред јавниот есенски упис.

Пополнувањето на формата не те обврзува на плаќање. Остави податоци сега и искористи ја Early Bird цената — нашиот тим ќе те контактира, а ти одлучуваш дали сакаш да го резервираш твоето место.

Пониска Early Bird цена пред редовниот есенски упис
Заштеда до 220€ во однос на регуларната цена
Практична програма со Agile, Scrum и реални проекти
Европски акредитиран CPD сертификат
Во готово580€
На рати680€
Регуларна цена800€

Пополни ја формата

Нашиот тим ќе те контактира со сите детали за програмата и Early Bird понудата.

Искористи ја пониската Early Bird цена пред редовниот есенски упис

Чекор 1 од 4

За прашања и консултации, контактирај нè преку Вибер, WhatsApp или телефонски на 077 648 049

CPD
Европски акредитиран сертификатContinuing Professional Development
4месеци програма
5практични модула
2инструктори од индустрија
CPDакредитиран сертификат
Есен 2026почеток
Зошто Product & Project Management

Управувањето со проекти е клучна вештина на пазарот

Компаниите бараат луѓе кои знаат да организираат работа, да водат тимови и да испорачуваат резултати. Токму тука е твојата можност.

01

Работиш на проекти без јасна структура и методологија.

02

Имаш комуникациски проблеми во тимови без дефинирани процеси.

03

Не го познаваш Agile и Scrum пристапот кој компаниите го очекуваат.

04

Сакаш премин во менаџерска улога, но ти недостига формално знаење и портфолио.

Овој Bootcamp ти дава точно тоа што ти треба — структура, методологија и практично знаење со Agile и Scrum, и работа на реални проекти со вредност во работна средина.

Што ќе научиш

Што ќе знаеш на крајот од програмата

01

Да препознаваш важни проблеми и потреби на пазарот.

02

Да водиш тимови кон постигнување вистински резултати.

03

Да планираш, тестираш и лансираш производи.

04

Да примениш Agile и Scrum во секојдневната работа.

05

Да управуваш со backlog и приоритети.

06

Да донесуваш одлуки засновани на податоци.

Методологија

Целосниот пат до менаџерска улога, чекор по чекор

PRODUCT AGILE SCRUM PROJECT РЕАЛНИ ПРОЕКТИ

Секој модул надградува на претходниот — од продуктна визија и Agile основи, до Scrum во пракса и водење реални проекти. На крајот го владееш целиот тек на управување со производи и проекти.

Програма

Пет модула, еден комплетен Product & Project Manager

4 месеци: 3 месеци учење + 1 месец работа на реални проекти. Секој модул е практичен и се надградува на претходниот.

Модул 1 ProductProduct Management основи
  • Дефинирање на продуктна визија
  • Истражување на пазарот
  • Управување со backlog
  • Приоритизација на функционалности
Модул 2 AgileВовед во Agile начин на работа
  • Agile филозофија и вредности
  • Waterfall vs Agile пристап
  • Предности на итеративен развој
  • Agile во реална работна средина
Модул 3 ScrumScrum framework и принципи
  • Scrum улоги
  • Scrum церемонии
  • Scrum артефакти
  • Product Owner одговорности
  • Scrum Master одговорности
Модул 4 ProjectПланирање и водење проекти
  • Sprint планирање
  • Естимација на задачи
  • Следење на напредокот
  • Одлуки засновани на податоци
Модул 5 ПраксаРабота на реални сценарија
  • Симулација на проекти
  • Тимски сценарија
  • Планирање спринтови
  • Донесување продукт одлуки
  • Знаења за веднаш применување
Инструктори

Запознај ги инструкторите

Програмата ја водат активни професионалци со искуство во Agile околини, водење тимови и испорака на дигитални производи.

Елена Стефановска
Елена Стефановска
Product Manager

Елена е продукт менаџер со неколкугодишно искуство во целокупниот продукт менаџмент процес. Своето работно искуство го има стекнато со активна работа на широк спектар на проекти во различни средини, што ѝ овозможува практичен пристап при градењето и подобрувањето на продуктите.

LinkedIn →
Горан Лазаров
Горан Лазаров
Senior Scrum Master

Горан е искусен професионалец во областа на Product & Project Management, со повеќе од 10 години искуство во водење на комплексни проекти и развој на иновативни производи. Успешно имплементирал Agile и Scrum методологии за подобрување на ефикасноста и продуктивноста на тимовите.

LinkedIn →
CPDTHE CPD GROUP
ACCREDITED ACTIVITYContinuing Professional Development
Акредитација

Европски CPD акредитиран сертификат

  • Препознаен квалитет од работодавачи

    CPD акредитацијата значи дека програмата има проверен квалитет и е препознаена од компании ширум Европа. Тоа ти дава предност при вработување.

  • Официјален доказ за твоето знаење

    Добиваш официјален сертификат што го докажува стекнатото знаење во областа на Product и Project Management.

  • Вредност за професионален развој

    Сертификатот можеш да го додадеш во твоето CV и да го искористиш при пријавување за работа, пракса или менаџерска позиција.

Искуства

Искуства на претходни студенти

Програмата беше одлична! Особено ми остави впечаток делот за SCRUM, каде што научив како тимовите можат ефективно да соработуваат преку јасно дефинирани улоги и фокусирани спринтови.

Драгица А. К.

Сè беше интересно, особено за некој што првпат се среќава со оваа тематика. Благодарение на менторите, секој час беше корисен и добро структуриран.

Теодора Ѓ.

Без двоумење советувам секој да се запише. Предавачите знаењето го пренесоа на јасен, практичен и прифатлив начин. За секој предизвик имавме поддршка и насоки.

Елеонора Б.
Неколку важни точки

Цена и Early Bird понуда

Искористи ја пониската Early Bird цена и резервирај место пред редовниот есенски упис.

Детали за програмата
ПочетокЕсен 2026
Времетраење4 месеци (3 учење + 1 проекти)
РаспоредВечерни термини, два пати неделно
ФорматОнлајн + снимени часови
МетодологииAgile · Scrum · Product · Project
СертификатЕвропски акредитиран (CPD)
Пријава

Како да се пријавиш?

За да се пријавиш, пополни ја кратката форма со кликање на копчето „Пријави се за Bootcamp", или директно контактирај нè на 077 648 049.

По пријавувањето, нашиот тим ќе те контактира преку телефон, Viber и email со сите важни детали за програмата.

Пополнувањето на формата не те обврзува на плаќање — со пријавата ја обезбедуваш Early Bird цената, а ти одлучуваш дали сакаш да го резервираш твоето место.

1Пополни ја кратката форма
2Краток консултациски разговор
3Резервирај го своето место во групата
4Почеток на програмата — есен 2026
Прашања

Често поставувани прашања

Дали ми треба предзнаење?
Не. Bootcamp-от е дизајниран да те води од основите. Ако веќе работиш во тим или на проекти, ќе напредуваш побрзо, но тоа не е услов за упис.
Дали пријавата ме обврзува на плаќање?
Не. Пополнувањето на формата е бесплатно и не те обврзува на ништо. Нашиот тим ќе те контактира со сите детали за Early Bird понудата, а ти одлучуваш дали сакаш да го резервираш твоето место.
Што ако не можам да ги следам сите термини во живо?
Часовите се снимаат и остануваат достапни. Можеш да следиш со свое темпо, а инструкторите одговараат на прашања и надвор од терминот.
Каков сертификат добивам?
Добиваш европски CPD акредитиран сертификат што го докажува стекнатото знаење во Product и Project Management и ти дава предност при вработување ширум Европа.
Како изгледа распоредот и времетраењето?
Програмата трае 4 месеци — 3 месеци учење и 1 месец работа на реални проекти. Часовите се во вечерни термини, два пати неделно, прилагодено за луѓе што работат со полно работно време.

Компаниите бараат луѓе кои знаат да водат тимови и да испорачуваат резултати.

Твојот пат кон менаџерска улога започнува сега.

Пријави се за Bootcamp